Отсекот за управни работи при СВР Охрид ги повикува граѓаните кои до 06.11.2023 година поднеле барања за замена на старите со нови лични документи истите да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Тоа можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот. Отсекот за управни работи секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните, велат од СВР Охрид.
OhridNews