На 86-тото доделување на најпрестижните филмски награди – Оскар, триумфураше научнофантастичната авантура „Гравитација“ на Алфонсо Куарон, кој освои седум статуетки, но не и најважната за најдобар филм која ја доби историската драма „12 години ропство“ на британскиот режисер Стив Меквин, а во продукција на Бред Пит. „12 години ропство“ освои оскари и за најдобра споредна женска улога (Лупита Њонг’о) и адаприрано сценарио (Џон Ридли).

Филмот „Гравитација“ освои оскар за најдобра режија (Алфонсо Куарон), монтажа, оригинална музика, фотографија, визуелни ефекти, аудио микс и монтажа на звук.

Оскарот за главна машка улога и овојпат му побегна на Леонардо Ди Каприо. Годинава тој сосема заслужено според филмакста критика заврши во рацете на извонредниот Метју Меконехи за главната ролја во филмот „Бизнис клуб Далас“, а престижната статуетка за најдобра женска улога ја доби Кејт Бланшет за улогата во филмот „Несреќната Џасмин“.

OhridNews