Дали ќе продолжи Серија А во Италија никој не знае. Препорака на владата е сезоната да биде прекината и клубовите да започнат да се подготвуваат за наредната сезона. Ваквиот предлог не го одобруваат претседателите на клубовите, на оваа тема тие во најбрз можен рок ќе одржат состанок.
Италијанската влада препорача Серија А да го следи примерот на Белгија, Холандија и Франција и да ја поништи сезоната. Првиот човек на италијанскиот фудбал Габриеле Гравина порачал дека таква одлука нема да потпише.
Додека сум јас претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија никогаш нема да го ставам својот потпис на тоа парче хартија. Тоа би била смртна пресуда за италијанскиот фудбал. Ги штитам интересите на сите клубови поради тоа повторувам. Тоа може да се случи само доколку нема никакви услови да се игра фудбал. – изјавил Гравина.
Загубата на клубовите со прекин на сезоната ќе биде од 700 до 800 милиони евра. Во случај сезоната да продолжи и да се игра без публика загубата ќе биде 300 милиони евра, додека ако сезоната се доигра и гледачите се вратат на трибините загубите ќе се движат од 100 до 150 милиони евра.
OhridNews