Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, ќе вложи максимални напори да го убеди Роберто Манчини да остане селектор, иако Азурите втор пат едноподруго не успеаја да се пласираат на Светско првенство.
Италија во четвртокот вечер пред своите гледачи во Палермо доживеа пораз од македонската репрезентација (0-1) и остана без пласман на Мундијалот што во ноември започнува во Катар, а претходно не настапи ниту на завршниот турнир во 2018 година во Русија.
Главна цел на Италијанците сега е пласман на Мундијалот 2026 во САД, Мексико и Канада, а намерата на Гравина е Манчини да го предводи тимот на тоа Светско првенство, пренесува весникот „Кориере дело Спорт“.
Според истиот извор, Гравина и Манчини ќе имаат нов состанок, веројатно по пријателскиот натпревар против Турција во вторник.
Италијанската федерација не сака да го избрзува Манчини, кому му е потребно повеќе време да размисли и донесе одлука, но засега, работите навестуваат дека 57-годишниот тренер ќе остане на италијанската клупа, пишува „Кориере дело Спорт“.
OhridNews