Жителите од улицата „Ариф Мустафа“ од левата страна на реката Грашница синоќа повторно имаа непреспиена ноќ. Надојдената река се излеа и поплави неколку дворoви и куќи кои се наоѓаат пониско од течението на Грашница.


Обилните врнежи од дожд во изминатите 48 часа драстично го зголемија нивото на Грашница. Најкритично беше на пресекот помеѓу бул. „Туристичка“ и улицата „Ариф Мустафа“ каде поради задоцнетите градежни работи дојде до прелевање на вода од реката која беше пренасочена заради изградба на новото корито.



Во попладневните часови со интервенција на дежурните екипи од јавните претпријатија зголемен е протокот на вода под мостот на „Туристичка“, а благодарение на престанокот на врнежите избегнати се поголеми последици.

OhridNews