Изведувачите објаснуваат дека покрај тоа што ќе се поплочи коритото, ќе бидат изградени и неколку мали мостови на местата каде порано имаше премини преку кои минуваа жителите од околните куќи.
Реконструкцијата на дел од коритото на реката Грашница што ја финансира локалната самоуправа, ќе трае до крајот на оваа година.