Со изградбата на каналот, ќе се исклучат дивите приклучоци од фекалната канализација кои ја загадуваат реката. Со тоа ќе се заштити од загадување и Охридското Езеро, а воедно ќе се спречат и поплавите кои настануваа во тој дел од течението на реката Грашница, информираат од локалната самоуправа.
Со проектот е предвидено коритото на реката Грашница на горе споменатиот потег да се поплочи, со што ќе се подобри протокот на вода кој беше отежнат со поставување на цевки, што се покажаа како несоодветно решение.
Уредувањето на коритото на реката Грашница се очекува да заврши до Нова година.