Нивната екипа „Trashpinger“ под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, успеа да добие грант од 120 илјади денари од Фондот за иновации и технолошки развој на УНИЦЕФ за имплементирање и развој на апликација.

Во периодот од 4.4. до 6.4. тимот од „Trashpinger“ во состав: Ана Атанасовска, Ана Спироска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, ученици во III-3 клас, успеаја да добијат грант во износ од 120 000 денари за имплементирање на својата апликација.

Најпрвин нашиот тим успеа да се пласира во десетте финалисти од Македонија и овие два дена учествуваше на вториот циклус на програмата „UpShift“ каде што имаше можност да го доразвие своето решение за справување со штетите од загадениот воздух и добија финансиска и менторска поддршка за имплементирање на решението во кое се вложени многу труд, едукација за финансиска писменост и време, информираат од училиштето.

Г.М.