Охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски ја доби гранпри наградата за европска поезија на 13-от меѓународен фестивал „Поетски ноќи“, кој од 9-ти до 14 јули се одржа во романскиот град Куртеа де Аргеш.

Наградата Димоски ја доби за своето целокупно поетско творештво, во конкуренција од дваесетина поети од Европа. Таа вклучува и  објавување избор од неговата поезија на романски јазик.

Ohridnews