Голема гранка синоќа падна од едно од дрвјата во дворот на Света Софија, но за среќа никој не е повреден. Сличен инцидент се случи и минатата година кога исто така падна гранка од старо дрво во дворот на катедралната црква. По сториите на медиумите, со дозвола на Дебарско – кичевската епархија, јавното комунално претпријатие го пресече опасното дрво, а за секој случај локалното население со импровизиран натпис ги предупредуваше посетителите и децата кои секојдневно играат тука да не седат на клупите под старите дрвја.


Паѓаат гранки од старите дрвја кај Св. Софија


Локалното население и лани предупредуваше на опасноста

OhridNews