Физичката граница на Охридското Езеро која настрада во немирите во Албанија пред повеќе од 10 години повторно ќе биде обележана, најавија претстaвници на македонската и албанската полиција.

Во моментов физичка граница во водите на Охридското Езеро не постои, но во тек се активности за повторно обележување на границата, ни изјави Горан Достиноски од ПС Охрид.


Ќе се обележува границата на Охридското Езеро

Покрај обележувањето на водната граница во иднина македонската и албанската полиција заеднички ќе патролираат по Охридското Езеро со што ќе се зголеми безбедноста во пограничниот регион и ќе се спречи нелегалната трговија и шверцот со риба, сметаат полициите од двете страни на езерото.


Со заеднички патроли во борба против криминалот

ohridnews