Во претседателскиот апартман во хотелот „Континентал“ во Скопје во рамките на фестивалот Скопско лето, синоќа беше изведена претставата „Граница“ од Венко Андоноски во режија на Софија Ристеска. Покровител на фестивалот е градот Скопје и Министерство за култура.


Педесетина гледачи ја проследија претставата кој предизвика вистински емоционален бум со својата артистичка компактност и експресивност. Текстот на Андоновски зборува за суровата реалност на контрола и манипулација која ни се провлекува дури до креветот.


Актерската екипа сочинета од нашите реномирани артисти од Охрид Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, како и битолчаните Борис Чорески и Јоана Поповска, со оваа претстава поставуваат нови стандарди на високо квалитетна актерска игра во македонското глумиште. Ваквата игра е вистински предизвик за актерската екипа која игра комплетно отворено без никакви маски очи во очи со публиката. Високо мислење за претставата даде и професорот Слободан Унковски кој не го криеше уживањето во мајсторската игра на овој Нов театар.


Претставата ќе се игра исто така и во меморијалниот центар “Пелинце” на 11 јули во рамките на фестивалот Кумановско лето. Премиерно претставата „Граница“ беше изведена во Охрид.

Ohridnews