Само во текот на вчерашниот ден во Македонија се регистрирани 126 случаи на Ковид 19. Високите бројки ја ставија земјата на листата небезбедни држави, поради што на македонските државјани не им е дозволен влез во земјите од ЕУ, освен во есенцијални случаи пропишани во урдбата која е на сила во ЕУ.

Денеска границите за туристи ги отвара соседна Грција, но само за земјите кои се на дозволената листа на Европската унија, на која не е нашата земја.

Македонија ги отвори границите за влез и излез од земјата без задолжителен ПСР тест, но засега може да се патува само во некои од соседните земји кои не се членки на ЕУ.

Состојбата ќе биде разгледана повторно по 15 дена, по што ќе биде донесена нова одлука во однос на патувањето на македонските државјани во земјите од ЕУ.

OhridNews