Турнирот се оддржа во ОУ Братсво – Единство – Лескајца,а победи екипата на ОУ Ванчо Николески од с. Лескоец. Второто место го освоија учениците од ОУ Григор Прличев, а третото учениците од ОУ Братство Единство – крст џамија.
Младински Совет Охрид преку донаторот СЛАТКА КУЌА обезбедија освежување за сите учесници на турнирот. Судии на натпреварот беа Јане Малинкоски и Наум Ситникоски, а координатор на актиностите Катерина Каневче.
Најдобрата екипа ќе учествува на регионалниот турнир во ГРАНИЧАР кој ќе се оддржи во Гевгелија, по иницијатива на Младински Совет Охрид.