Популарната игра „Граничар“, која го освојува светот, деновиве е актуелна и меѓу младите охриѓани.

Младински Совет Охрид, пратејки ги светските младински трендови, деновиве организираше турнир во оваа се по пуларна игра, на кој учество зедоа екипи на ОУ „Братство-Единство“ – Лескајца, „Живко Чинго“ – Велгошти, „Ванчо Николески“ – с. Лескоец, „Григор Прличев“ и „Кочо Рацин“.


Турнирот се оддржа во спортската сала на ОУ „Братство Единство“, Лескајца а најдобра беше екипата на ОУ „Кочо Рацин“.Организаторите најавија дека наскоро ќе се одржи уште еден турнир, за што расположение имало и кај учесниците на првиот „Граничар“.


За сите учесници на турнирот Младински Совет Охрид обезбеди освежување преку  донаторите „Слатка куќа“ и „Добра вода“.

Ohridnews