Вечерва на Народниот театар од Охрид, ќе му биде доделена највисоката награда на фестивалот “Гола месечина” во Скопе – „Гран при“ за претставата „Аналфабет“ од Б.Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Фестивалот е во организација на театар „Комедија“.
Во претставата „Аналфабет“, која од премиерата наваму редовно ги полни театарските сали играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Г.М.