Гран при на Славјански базар за охриѓанецот Боби Мојсовски и Македонија
16.07.12 13:21
По неколку години откако во 2001-та Тоше Проески го освои Гран при-то на интернационалниот фестивал Славјански базар во Белорусија со „Тајно моја“, годинава талентираниот Боби Мојсовски и’ донесе нова победа на Македонија од овој реномиран фестивал, јавува „Макфакс“.
Во конкуренција на 20 учесници од 20 земји, со беспрекорната изведба на неговата „Те краде тој“, „Дождлива песна“ од Марјан Стојановски и „Њхатаѕа ѕоу њант фром ме” од Адам Ламберт, Боби Мојсовски ги освои симпатиите на публиката и стручното жири составено од 11 музички ѕвезди компетентни за оценување на вокалната техника, интерпретацијата и сценскиот настап на учесниците.
„Пресреќен сум што се враќам во родниот крај со Гран при од Белорусија. Да се учествува на еден ваков голем фестивал, пред публика и жири комисија која внимава на секој детаљ во оценувањето на квалитетот на изведувачите е предизвик и привилегија за секој музичар. Оваа награда е навистина посебна за мене и чест ми е што со неа го наследив мојот музички херој Тоше Проески“, изјавува Боби.
За изведбата на композициите заслужен беше и оркестарот на Михаил Финберг составен од стотина музичари со кој неколку дена пред фестивалот Мојсовски имаше проби. Восхитот на публиката и жирито за неговата вокална интерпретација за време на настапот на сцената во Витебск беа сигурен предзнак дека Боби ќе добие висок пласман.
Свеченото доделување на наградите ќе се случи во понеделникот, а Боби ќе се врати во Македонија за неколку дена кога ќе завршат сите активности поврзани со Славјански Базар кој важи за еден од највлијателните фестивали во светот.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани о...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.