Дел од невладините организации од Охрид ќе добијат простории во ОУ „Братство-Единство“ а другиот дел во просториите на ГП „Гранит“ во близина на каналот „Студенчишта“, вети градоначалникот на Охрид Александар Петрески на средбата со претствниците на невладиниот сектор што се одржа денеска.

Како што веќе објави ohridnews, Петрески неодмна на средба со претствници на здружението на телесните инвалиди најави дека граѓанските асоцијации наскоро ќе добијат соодветни простории во близина на х. Милениум, за денеска да дообјасни дека се работи за бараките на ГП Гранит. Тоа ќе биде времено решение бидејќи според Генералниот урбанистички план на тој простор ќе се гради хотелски комплекс.

Петрески напомена дека просториите одговараат на потребите на невладините организации и дека ќе биде потребно само мало дотерување, додека за распределбата на просторот ќе треба да се договорат граѓанските здруженија и асоцијации.

На средбата со претставниците на НВО секторот, Петрески истакна дека актуелната локална власт е вистински заинтересирана за интензивна и сеопфатна соработка со Здруженијата на лица со посебни потреби  преку заедничко дејствување во повеќе сегменти. Во тој контекст тој најави дека општината во рамките на своите можности ќе ги помага активностите на овие здруженија.

ohridnews