Граѓани обединети во неформална  „Граѓанска иницијатива за зачувување на достоинството на Охрид “реагираат на последните случувања во градот, кои според нив го нарушиле достоинството на Охрид.

– Сметаме дека со последните случувања Охрид беше навреден и омаловажен. Во политичката битка помеѓу луѓето кои треба да се грижат за градот изгуби Охрид и неговиот тешко стекнат имиџ на град на духовни богатства, велат членовите на граѓанската иницијатива, кои за денеска најавија прес конференција на која ќе ги изнесат своите ставови.

Ohridnews