Граѓанска дебата за европска Македонија ќе се одржи денеска во центарот за култура во Струга.
Оваа дебата неодамна ја покренаа петмина интелектуалци:Мерсељ Биљали,Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајановски. Тие го објавија „ Манифестот за европска Македонија“ за кој ќе говорат на серија трибини во државата.
Иницијаторите велат дека овие трибини имаат за цел да се поттикне интензивна граѓанска дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија.
Трибината во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга започнува во 17 часот.
Ohridnews