На прашањето „Дали сметате дека има корупција во образованието?“. Високи 53,6 проценти од испитаниците во анкетата се изјасниле дека има корупцијата во македонскиот образовен систем, додека 9,8 отсто сметаат дека нема корупција. На ова телефонски поставено прашање не одговориле 36,6 проценти од испитаниците.
Од Министерството за образование и наука нагласуваат дека „само четири месеци, односно споредбено со испитувањето на јавното мислење во мај 2010 г., бројката граѓани кои сметаат дека има корупција во образованието е намален за десет отсто, односно за 6 процентни поени“.