Граѓаните на Охрид сметат дека Деталниот урбанистички план-ДУП за УЕ 17 кој се однесува на просторот во близина на СРЦ „Билјанини извори“ на кој е предвидена изградаба на хотелски комплекс и пет објекти за времено домување, треба да претрпи измени.

На анкетното прашање Дали на СРЦ „Билјанини извори“ треба да се дозволи изградба на 5 објекти за времено домување?, 384 читатели на Ohridnews, или нешто над 45%, одговориле дека ДУП треба да се измени, додека 381 читател или нешто под 45 % се изричито против изградбата на објекти за времено домување. Позитивно мислење за изградба на такви објекти дале 82 читатели или 10 %.

Деновиве заврши јавниот увид по Предлог Нацрт ДУП за УЕ 17, кој по разгледувањето на забелешките од стручните служби и соодветната комисија наскоро ќе се најде пред Советот на општина Охрид.

Дел од политичките партии, јавноста и спортските работници се противат на изградба на згради кај спортскиот центар, додека Секторот за урбанизам уверува дека на тој простор ќе се изгради хотелски комплекс во согласност  со Генералниот урбанистички план, и дека петте „спорни“ објекти се угостителски објекти за времено домување од типот на пансиони.

ohridnews