Пред почетокот на хуманитарниот концерт за помош на жителите од поплавените подрачја во Македонија, што се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид реализираше акција за собирање вода и други неопходни продукти.
Акцијата ја поддржаа голем број граѓани на Охрид кои на пунктот кој за оваа намена беше поставен пред влезот на центарот за култура донираа храна, флаширана вода, средства за хигиена и други продукти, кои ќе бидат испратени во подрачјата погодени од поплавите.
OhridNews