Резултатите од минатонеделната анкета, која ја направи Оhridnews, покажуваат дека најголемиот број анкетирани граѓани се незадоволни од комуналната хигиена во градот.


На прашањето: Дали сте задоволни од комуналната хигиена во градот?, од вкупно 1. 142 анкетирани,  29% – односно 326 одговориле потврдно. 46% , односно 527 се изјаснале дека не се задоволни  од комуналната хигиена.  Делумно задоволни се 25%, односно 289 од анкетираните граѓани.


Граѓаните често пати коментираат дека во централното градско подрачје, хигиената е многу поголема, од колку во останатите делови од градот. “ Охрид не е само центарот. Кога се чисти тоа треба да се прави секаде со еднаков интензитет, затоа што гостите не се шетаат само низ центарот на градот” , се коментарите на охриѓани.

Ohridnews