Изминатите неколку денови температурите во земјава, па и во Охрид, беа високо над нулата, се разбира за зимски услови. Последните неколку дена ниту минималните температури не паѓаа многу под нулата. И покрај тоа екипи на Македонија пат редовно и секојдневно фрлаат песок на патиштата и улиците низ градот, на што охриѓани регираат.

До нашата редакција пристигнаа неколку писма на оваа тема:

„Во последно време патувам често во Скопје и ја оштетив колата од крупен песок на патот. Имам забележано дека имало или немало потреба камионите на јавните претпријатија фрлаат песок како за бетонирање. Тоа го забележав и  завчера вечер. Во Охрид надвор 5 степени а камионот од Македонија пат помина два пати по Бул.Туристичка и фрлаше песок, па кога возите имате впечаток како да поминувате низ каменолом.

Како ќе се исчисти тоа од патиштата, дали ќе се затнат канализациите, дали ќе се оштетат возилата, ќе се кршат шпофершајбни, и кој ќе ги сноси трошоците, никого не го интересира“.

Александар Попоски

„Навистина сум изреволтиран. Засношти  температурата во градов беше 3 степени во 22.00 а службите на Македонија пат ја постелија цела „Туристичка“ со песок (односнао камења ), па ме интерсеира кој беше тој стручњак што наредил да се интервенира на улиците, а ниту најава дека ќе врне снег, ни дека ќе има ниски температури“

Климент

Состојбата на улиците во градот ја регистрираше и екипата на Ohridnews.


Песок во големи количини на охридските улици

фото: Васко Бујароски