Зголемувањето е резултат на поволните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во наредните 12 месеци.
Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во април 2011 се поповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец.
Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во април 2011 се поповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, додека тие се понеповолни во однос на април 2010 година.
Во април 2011 година домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата е поповолна во споредба со претходниот месец, додека очекувањата за невработеноста во следните 12 месеци се понеповолни во споредба со нивната оценка од претходниот месец.