Граѓаните од урбаната заедница „Гоце Делчев“ со писмо реагираат на одржувањето на коловозите и јавните површини во населбата, што, како што се наведува во дописот, е несоодветно. Во реакцијата стои:

„Со доаѓањето на зимата и со првиот  снег, посебно сега пред новогодишните празници се создава една убава атмосфера. И Ние како граѓани од Урбаната Заедница ”Гоце Делчев”(позната како Бараки), би сакале да уживаме во зимската идила- посебно што ова е едно од најубавите делови од Охрид, кој изобилува со природни убавини и ретко убав поглед на Охрид и Охридското Езеро.
Иако овој дел би можел да се искористи и за интересни прошетки на туристите кои го посетуваат Охрид, за жал се повеќе се наметнува чувството помеѓу граѓаните кои живеат тука, дека овој дел е запоставен од ЈП “Охридски Комуналец преку целата година(од нивна страна се извршува само редовното собирање на ѓубрето од домаќинставата- два пати неделно- ништо повеќе, иако граѓаните плаќаат и за останати услуги кои не ги добиваат.

Со доаѓањето на зимата и посебно со првиот снег повторно се актуелизира ПРОБЛЕМОТ СО НЕЧИСТЕЊЕТО НА СНЕГОТ, дури и нередовното фрлање на сол и песок по улиците од населбата. Имајќи во предвид дека се работи за населба со специфична местоположба и со тесни улички и опасни кривини, опасноста по жителите и нивните животи дополнително се зголемува со паѓањето на снегот. Во врска со тоа во минатото со поединечни јавувања граѓаните од оваа населба го контактирале ЈП “Охридски Комуналец”  да го потсетат за обврските што тоа Јавно Општинско Претпријатие ги има према граѓаните, а не ги исполнува ни најелементарно. Уште повеќе, како лоша пракса со секој снег се појавуваат истите проблеми.

Бидејќи е ова прв годинашен снег и  улиците воопшто не се исчистени, ниту третирани со соодветен материјал, ЈАВНО  АПЕЛИРАМЕ до Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец”  да си ја извршува својата работа за чии услуги  граѓаните премногу плаќаат и редовно да го чисти снегот во спротивно ќе мораме да преземеме соодветни мерки.

На крај јавно ја повикуваме и локалната власт да направи нешто за овај дел од Охрид, зошто Охрид не е само Центарот на градот туку и неговата атрактивна периферија. Многупати е разговарано е на оваа тема во различни прилики, меѓутоа никој досега нема ништо превземено во однос на асфалтирање на улиците во населбата, во однос на осовременувањето на светилките, ублажувањето на опасните кривини, непостоење на паркиралишта и замислете непостоење на ниедно детско игралиште, со што децата и учесниците во сообраќајот се се изложени на директна опасност.“

Со почит,
Граѓани од Урбана Заедница “Гоце Делчев”


* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.