Македонските граѓани во 2009  се најнезадоволни од работењето на судовите, но и од јавната администрација, во делот на локалната самоуправа. Ова е констатирано во годишниот извештај за 2009 година, што денеска го претстави народниот правобранител Иџет Мемети.

Според бројот на претставки до народниот правобранител, забелешки има и за случаите на тортура во притворите, за нехуманите односи во психијатриските болници, но и за говорот на омраза што може да доведе до несакани последици во едно мултиетничко општество.

Мемети ги спомна и загрозените права од работен однос како резултат на политички пресметки, посебно во локалните самоуправи, а се осврна и на семејното насилство и насилството врз децата.

OhridNews
Извор: “Макфакс”