Не престануваат реакциите на граѓаните на Охрид кои жалат за инцидентот во кој животот го загуби 34-годишниот српски турист Дејан Новаковиќ. На местото каде се случи немилиот настан претставници на Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ и граѓани денеска положија цвеќе и запалија свеќи.
-Охрид е гостопримлив град и се уште не можеме да сфатиме како можеше да се случи нешто вакво. Жалиме за изгубениот живот и апелираме повеќе никогаш да не се случи ваква трагедија во Охрид.-рекоа загрижените граѓани на Охрид кои денеска му оддадоа помен на починатиот српски турист.
Граѓаните на Охрид: Никогаш да не се повтори ваква трагедија