Илјадници луѓе излегоа на улиците на главниот град на Малта, Валета, на протест, барајќи правда за убиената новинарка Дафне Каруан Галиција, а на учесниците им се придружи и претседателката Мари Луиз Колеиро Преца, како и повеќе пратеници. На народните избраници им беше забрането да даваат изјави и да говорат на протестот.

„Новинарите нема да бидат принудени да молчат!“ и „Ние не се плашиме“ беа само некои од транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Според некои локални медиуми, демонстрантите исто така побарале и оставка од началникот на полицијата, како и од јавниот обвинител на Малта.

OhridNews
Макфакс