Градот Лас Вегас ја избрал сопругата на досегашниот градоначалник како замена на таа позиција. Керолин Гудман, сопруга на Оскар Гудман, освоила повеќе од 60 проценти на градските избори. Таа се кандидирала бидејќи нејзиниот сопруг ги отслужил максималните три мандати од по четири години. Керолин, која има 72 години најавила дека добро ќе се забавуваат и во наредните четири години, а на должност стапува следниот месец.


Таа исто така оценила дека заедно со нејзиниот сопруг се најпопуларниот пар во Лас Вегас. За време на неговиот мандат, Оскар станал познат по патувањата ширум светот во придружба на убавиците од шоу бизнисот во обид да го подобри туризмот во „градот на гревовите“.