Жителите од поплавените населби се уште се борат со водата која навлезе во голем број домови. Состојбата на водотеците и натаму е висока, но денеска нема нови излевања на реките во Охридско. Под вода се и илјадници метри квадратни земјоделско земјиште. Екипи на Центарот за управување со кризи и на локалната самоуправа се на терен и се врши проценка на штетата.


И додека граѓаните мака мачат со поплавата, партиите ја искористија нивната несреќа за нова политичка пресметка. ВМРО ДПМНЕ денеска го ја обвини градската власт за несоодветна реакција и ја напушти работата на Советот со цел да ги посети погодените подрачја, што предизвика лавина реакции од советничкото мнозинство, кое ваквиот чин го оцени како бевиден театар. Единаесеттата седница во наелектризирана атмосфера продолжи без советниците на ВМРО ДПМНЕ кои се упатија кон  населбата Воска.

Ohridnews