Со уредбата на Владата за завршување на приватизацијата на градежното државно земјиште се предвидува граѓаните да можат да си ги купат дворовите, што значи дека физички и правни лица ќе може да станат сопственици на градежното земјиште за кое имаат право на користење.
граѓаните ќе може да ги купуваат дворовите
Висината на надоместокот ќе се утврдува во зависност од местоположбата. Определени се пет реони и различни цени за три категории а цената ќе се движи од 300 до 3200 денари за метар квадратен.
Надоместокот за земјиштето може да се плаќа во денари или со државни обврзници. Доколку се плати во готово, има попуст од 35 проценти, а можно е и плаќање на 10-годишни рати ако износот е над 180.000 денари за физичко лице, односно над 1.800.000 денари за правни лица.
Г.М.