Граѓаните во наредните две години, односно до 25 јануари 2011 година, ќе можат да го откупуваат  градежното земјиште во државна сопственост. Ова стана можно откако со 64 гласа „за“, Собранието по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

Дел од опозицијата го оспори Законот кој според одредени пратеници во подредена ситуација ќе ги стави посиромашните граѓани кои не ќе можат да одвојат средства за откуп на државното земјиште кое го користат како дворови или слично, додека мнозинството ценеше дека измените одат во прилог на граѓаните и локалните самоуправи.

Ohridnews