Локалната самоуправа,  на 12 јуни,  петок, на градскиот плоштад „ Свети Климент Охридски“ , во времето од 10 до 18 часот организира Ден на идеи.

Настанот е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, а целта  е да се оствари  поблиска соработка со граѓаните, велат од локалната самоуправа.

Граѓаните  ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за  подобра сегашност и иднина  на Охрид пред  претставниците  на секторите и одделенијата на администрацијата на Локалната самоуправа.

OhridNews