Градоначалникот Никола Бакрачески, во  рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните  во процесот   на креирање на  политики во интерес на општина Охрид,   на  27 мај- среда, на  плоштадот „Св. Климент Охридски“  организира „Ден на идеи“.

Директори  од охридските јавни претпријатија, раководители на сектори и одделенија и стручни  лица од службите на општина Охрид ,  непосредно ќе контактираат со охриѓани кои ќе имаат можност  да даваат свои   идеи,  предлози или сугестии  а со тоа  директно да учествуваат  и имаат придонес  во успешното работење на општина Охрид.
 
Целта на случувањето е  да се постигне кохезија, соработка меѓу охриѓани  и Локалната власт, да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики, велат од локалната самоуправа.  

Настанот ќе трае од 10  до 18  часот .

OhridNews