Трофејот во Премиер лигата ќе добие нов сопственик откако Манчестер Сити претрпе пораз 2-0 од Евертон на “Гудисон Парк“. “Граѓаните“ имаат само теоретски да го стигнат лидерот Јунајтед, кој има предност од 12 бодови и натпревар помалку со Ридинг на домашен терен на девет рунди до крајот на сезоната.


“Карамелите“ минатата сезона на Олд Трафорд им пресудија на “ѓаволите“ кога успеаја да се вратат од 4-2 и да ремизираат 4-4. Оваа сезона избраниците на Дејвид Мојс му го направија тоа на Сити победувајќи ги 2-0.

Евертон постигна по еден гол во двете полувремиња, а од 60-та минута играше со фудбалер помалку откако исклучен беше Пејнар. Капитенот Осман со фантастичен погодок го отвори резутатот, а конечните 2-0 ги постави Јелавиќ во 90-та минута од натпреварот.

Резултати : Евертон – Мен Сити 2-0, Астон Вила – КПР 3-2, С`тон – Ливерпул 3-1, Стоук – ВБА 0-0, Свонси – Арсенал 0-2, Мен Ју – Ридинг 1-0.

Табела : Мен Ју 74, Mен Сити 59, Тотенхем 54, Челси 52, Арсенал 50, Евертон 48…

Мх.П.