Охрид е стварно најдобар град во Македонија. Убавината, природата и антиката го осветлуваат и конечно со новите поправања и пронаоѓања на старите објекти и слично, го носат во некогашните убавини на овој светол град. Но, грижата за Охрид не е обврска само на општинската администрација туку и ние како народ треба да ја заштитиме оваа убавина, а не да ја дезинтегрираме и загадуваме.
А што се однесува до градот. Време е да се купат нови возила за одржување на комуналната хигиена, нови автобуси, да се средат паркинзите, но и сообраќајните навики на граќаните (пример да се постават камери за да ги ловат типовите што лудуваат по охридските улици.
Горан
Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.
Од редакцијата.