Дербито на Манчестер е централниот настан во 27-то коло, во Премиер лигата на Англија.

 

Домаќин на натпреварот ќе биде Јунајтед, „црвените ѓаволи“ во минатото коло го забележаа првиот сезонски пораз, од таму истакнуваат дека дуелот со градскиот ривал може да биде пресуден во борба за титулата. Сити игра променливо последниот месец, на последните пет средби „граѓаните“ имаат само две победи, разликата на табелата е пет бода во корист на Манчестер Јунајтед.

Екипата на Вулверхемптон по минатонеделната победа над Манчестер Јунајтед ќе му гостува на уште еден аспирант за титулата, Арсенал. Челзи по шокантниот пораз од Ливерпул рехабилитација ќе бара на натпреварот со Фулам. Ливерпул кој има четири последователни победи серијата ќе се обде да ја продолжи против Виган.

 

Двојки: Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити, Арсенал-Вулверхемптон, Бирмингем-Стоук, Блекбурн-Њукасл, Ливерпул-Виган,ВБА-Вест Хем, Блекпул-Астон Вила,Сандерленд-Тотенхем

Недела : Болтон-Евертон, 

Понеделник:  Фулам-Челзи.