Околу 51% од граѓаните на Македонија сметаат дека судството е екстермно корумпирано, е наведено во извештајот на ”Транспаренси Интернешнл” наречен “Глобален корупциски барометар”, кој е спроведен во 69 земји во периодот од октомври 2008 – та до февруари 2009 – та година.
 
Покрај судството, според извештајот, македонските граѓани за корумпирани сектори ги сметаат и јавната администрација и политичките партии, а сомнеж за корупција има и во медиумите.

Иако сметаат дека корупцијата длабоко е навлезена во општеството, македоните граѓани се на мислење дека владата води ефикасна борба против корупцијата.  Дури 62% од испитаниците во Македонија сметаат дека мерките на власта се ефикасни се посочува во извештајот што денеска го објави “Транспарентност Нулта Корупција”.

Ohridnews