Конечно после два месеци закажување, дојде денот кога треба да отидете да се сликате за новата лична карта. Па, нели совесно си ја извршувате својата граѓанска должност, а и се брзаме за Европа, па треба да ја стигнеме со биометриските патни исправи.

Ајде, некако и јас дојдов на ред, влегувам културно во собата и наеднаш  “чичко службеник” ми се истура “аман веќе, умот ми го истајвте”!

Збунето го гледам човеков, да не се знаеме од некаде, да не сме се скарале некогаш, ама не бре луѓе, првпат го гледам! Зошто не ми кажа некој, дека кога ќе дојдиш овде, освен молба, треба да носиш и лексилиум? Па, ќе му дадев едно апче на човеков, ако нека се смири. А и јас можев да си се напијам, ми се расипа расположението. А, шо ќефој бев за новата лична карта.

Слечи се и застани овде! – продолжува службеникот. Леле, се стискам јас, да не ме праќа во затвор овој. Што сум му згрешила толку? Па, ако нема нерви за оваа работа, нека си седи дома и нека печи костени. Да не нема случајно кој да го замени од армијата млади, невработени интелектуалци.

Што е крив народецов, ем трошоци за нова лична карта, ем ќе си го окркате таму, за некој да лечи фрустрации на Вас.  Па, што ќе стане ако сите на работното место им се развикуваме на клиентите и тие ви се криви дека надвор врнело дожд?
Сакав да зинам, господине, Ве молам, нема потреба од нервоза, ама подголтнав, си реков да не добијам забрана за влез во објектов ( зошто вработените се однесуваат како дома да сте им дошле). И после десетминутната психолошка тортура, слечи се-облечи се (па фала Богу, не ќе се сликам со палто и шал), застани овде, седни онде, тргни ја ташната одтука итн…заврши мојата процедура за нова лична карта. Ај наздравје!

А, на сликата, можете да погодите-намуртена кој којзнае кој да ми е крив. Па, тие се криви!

                                                                                                       од вашата читателка
                                                                                                                  Верче