Здруженијата за заштита на животни „Анималија“ од Охрид, „Анима ворлд“ од Струга, љубители на животни и граѓани, денеска одржаа мирен протест во Охрид, на кој искажаа револт поради се позачестените случаи на труење животни.

Учесниците на протестот упатија апел до институциите сериозно да пристапат кон решавање на проблемот со бездомните животни на цивилизиран начин и согласно закон. 

Од протестот произлезе иницијатива за измени во законската регулатива со цел построго да се регулира продажбата на отрови. 

-Поставувањето на отрови не е решение, не само што не е хуман и цивилизиран начин, туку и не придонесува за намалување, напротив бројот на бездомни животни бележи зголемување. Со тоа само се доведуваат во опасност не само животните, туку и животите на луѓето. – изјави Јована Мојсоска, активист во здружението за заштита на животни „Анима ворлд“ од Струга. 


Граѓаните бараат да запре труењето на животни и измена на законот за продажба на отрови

OhridNews