улицата „Железничка“
Локалната самоуправа информира дека изградбата на ул. „Железничка“ е во надлежност на државата.
-Охрид како организатор на бројни важни настани има потреба од решавање на проблемот со улицата „Железничка“ која претставува мошне важна сообраќајница која треба да го растовари сообраќајот во градот во дадени моменти. Сметам дека оваа година „Желеничка“ мораше да биде направена, но пропадна тендерот кој го распиша централната власт. Се надевам дека во иднина ќе биде решен овој проблем, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Реконструкцијата на улицата „Железничка“ започна пред речиси 4 години.