Продолжува несовесното однесување на поединци кои и понатаму фрлаат недогорени остатоци во контејнер. Како резултат на тоа во изминатите неколку дена изгореа два контејнери, едниот на улицата „ Пере Тошев“, а другиот на „ Македонкси просветители“, наспроти Противпожарната територијална единица.
Од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ повторно упатуваат апел до граѓаните да не фрлаат таков вид на отпад во контејнерите, како и до надлежните инспекциски служби да преземат соодветни мерки.
OhridNews