Летната бавча при Центарот за култура „Григор Прличев“, од 14-ти до 16-ти јуни ќе биде место каде што ќе се организира Уметничкиот фестивал Охрид – УФО, во организација на Центарот за културен проток „АРТерија“.

Второто издание на овој фестивал по пауза од една година, на љубителите на уметноста ќе им понуди различни уметнички дисциплини, бројни изложби, графити, проекција на филмови и музички настани.

Како што информираат од „АРТерија“, мотото на фестивалот е „УФО повторно напаѓа“, а се најавуваат нови содржини кои ќе ги примамат охриѓани и туристите да присуствуваат на ова уметничко доживување.

OhridNews