Некои мештани од англиското градче Старминстер Њутон се пожалиле дека бучавата која ја прави петгодишниот петел Џејмс е неподнослива. Неговиот сопственик Брајан Мартин тврди дека тоа не е вистина. Во случајот се вклучило и градското собрание копе поставило опрема вредна 5000 евра за да утврди дали петелот навистина е прегласен.


Кога во пет часот наутро Џејмс се огласил за прв пат измериле 69 децибели што е исто како звукот на правосмукалка, а кога се оддалечиле неколку метри звукот бил 49 децибели. Кога се мери од далечина на која се наоѓаат првите куќи децибелите опаѓаат. Собранието ќе го испита случајот и ако се покаже дека петелот на вистина е прегласен сопственикот ќе мора да се реши од него.