Градското дерби во Тетово ќе биде сиромашно откако ФФМ им забрани на гостинските навивачи овој пат “војводите“ да присуствуваат на мечот. Комесарот за натпревари Васко Дојчиновски со писмо и без образложение ги известил актерите на тетовското дерби Шкендија – Тетекс за забрана на гостински навивачи.
Дербито во Тетово закажано е за в недела во 15 часот, а во истиот термин ќе се одиграат натпреварите Силекс – Вардар, Пелистер – Ренова, Брегалница – Работнички. Седмото коло денеска ќе го отворат Металург – Напредок и Дрита – Х. Турново.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com