Воска Спорт ја продолжи агонијата на ГФК Охрид, откако попладнево со пресврт славеше во градското дерби 1:2.
И на овој натпревар Охрид прв дојде до водство, но ниту тоа, ниту фактот што Воска Спорт во второто полувреме играше со играч помалку поради црвен картон, не беа доволни да се запре долгата и непријатна серија порази на минатосезонскиот финалист во плеофот за пласман во Првата лига, кој оваа сезона е непрепознатлив.
Охрид поведе со голот на Клечкароски во 13 митута, а Воска Спорт со головите на Емини во 44 минута и Паноски во 79 минута дојде до вредна победа.
2 ЛИГА ЗАПАД 8 КОЛО:
ФК СИЛЕКС 1 – 0 ФК БЕСА 1976
ФК КАДИНО 0 – 1 ФК ВЕЛЕШТА
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 1 – 2 ФК ВОСКА СПОРТ
ФК Тетекс 1953 0 – 3 ФК ВАРДАР
КФГ ГОСТИВАР 4 – 2 КОРАБ
На табелата води Силекс со 22 бода, пред Воска Спорт со 18, Охрид е последен со 3 освоени бода.
Во следното коло, кое на програмата е на 30 октомври, Охрид и гостува на Велешта.
OhridNews