Без голови и без победник заврши градската пресметка во Мадрид помеѓу Реал и Атлетико во рамките од седмата рунда во шпанската Примера дивизион.

163-то дерби на Сантијаго Бернабеу го одбележаа голманите, кои, имаа по неколку фантастични интервенции. Во првото полувреме голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги „скина“ ударите на Гризман и Диего Коста, а на ист начин одговори Јан Облак кој поуспешен излезе во дуелите со Марко Асенсио и Дани Карвахал.

Ремито во Мадрид и ремито на Барселона на Ноу Камп со Атлетик Билбао го искористи Севилја која со триумф 3-1 над Еибар со доближи на бод од „кралевите“ и каталонците кои се лидери на табелата.

OhridNews