Екипите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите во една од двете полуфинални двојки во англискиот Лига куп.

„Црвените ѓаволи“ ќе ја имаат улога на предизвикувач, затоа што „граѓаните“ се актуелни шампиони и бранители на трофејот. Во втората двојка ќе се судрат Тотенхем и Брентфорд.

Полуфиналните пресметки ќе се одиграат на 4 јануари, следната година. Финалето кое се играше во февруари е одложено и најверојатно ќе се игра во април.

  • Двојки 1/2:

Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити

Тотенхем – Брентфорд

OhridNews

 

Лига куп: Фантастичниот финиш на „Гудисон“ ги одведе „ѓаволите“ во топ 4